Балканси комори

Бранко Азески избран за претседател на Асоцијацијата на балкански комори 2024

06.12.2023 09:41

На седницата на Асоцијацијата на балкански комори, која ќе се одржи 13 - ти декември во Солун, Грција, ќе биде потврден изборот на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески за претседател на асоцијацијата во следната година.

Асоцијацијата на Балкански комори е здружение на 10-те стопански комори од Балканскиот регион (членки и не-членки на европската Унија), кое следната година ја одбележува 30-та годишнина од своето постоење.

Главен фокус во рамки на претседателството на Асоцијацијата на балкански комори под водство на Азески во следната година ќе биде прашањето за инфраструктурата и поврзаноста помеѓу балканските земји. Активностите на Асоцијацијата на балкански комори ќе се надоградат на портфолиото на регионалните организации кои во својот обем на активности веќе опфаќаат различни сегменти од регионалната економска соработка (Коморскиот инвестициски форум, Регионалниот совет за соработка, ЦЕФТА секретаријатот и Секретаријатот на транспортната заедница).

На седницата на Асоцијацијата на балкански комори, која ќе се одржи 13 - ти декември во Солун, Грција, ќе биде потврден изборот на претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески за претседател на асоцијацијата во следната година.

На седницата ќе се расправа и за актуелните прашања од економското опкружување на земјите од Балканот, вклучувајќи ги перспективите на балканските земји да се приклучат на Европската Унија и еврозоната, како и прашањето за трговската и економската интеграција на земјите од регионот.