Стопанствениците бараат модернизирање на инфраструктурата во битолските индустриски зони
Стопанствениците од старата битолска индустриска зона бараат темелна реконструкција на половина век старата улица „Индустриска“. Од локалниот Економски социјален совет, велат документацијата е подготвена и со помош на Светска банка на почетокот од идната градежна сезона ќе започне темелната реконструкција. Тие апелираат и навремено проширување на инфраструктурата во индустриската зона Жабени каде потенцијални инвеститори имаат купено 16 парцели.

Без нови инфраструктурни зафати битолските слободни индустриски зони не ќе можат да дадат додадена вредност на локалниот економски развој,
Тоа посебно се однесува на стариот индустриски дел. Над стотина бизниси последниве години ги оживеаја халите на некогашните индустриски гиганти „Фринко“ и „Битолатекс“. Но поради катастрофалната состојба на единствениот патен крвоток улицата „Индустриска“ велат не се целосно ефикасни.
Од локалниот Економски социјален совет, велат документацијата е подготвена. Оваа два и пол километарска делница би се користела и како заобиколница и со помош на Светска банка по половина век ќе добие нов лик.
Димитровски напоменува дека мора брзо да се пристапи кон проширување на инфраструктурата и во индустриската зона „Жабени“. Актуелната ги задоволува потребите на капацитетите на Кронберт и Шуберт, но вели дека досега се продадени 12 парцели и според новите договори потенцијалните инвеститори во определениот рок мора да започнат со градби.
Стевче Митревски
