енергетика
Бислимовски од Атина: Нема да дозволиме никаков ценовен шок за струјата
20.12.2023 08:59
Посочува дека наредната недела се очекува да ја информираат јавноста за цената на струјата од 1-ви јануари 2024 година...

За електричната енергија, нема да има и нема да дозволиме никаков ценовен шок, потенцира во интервју за МИА претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски. Посочува дека наредната недела се очекува да ја информираат јавноста за цената на струјата од 1-ви јануари 2024 година.
Бислимоски како претседател на бордот на регулатори на енергетска заедница присуствуваше на редовниот состанок во Атина на кој меѓу другото, требаше да се избере и нов претседател, но ниту еден од кандидатите не го доби потребното мнозинство, со што мандатот му се продолжи за уште шест месеци.
