Влада

Битиќи: Финансиската поддршка на Владата за компаниите го зголемува бројот на вработени

22.12.2023 12:43

Ова е пораката која му беше упатена на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи при неговата посета на компанијата „Русе Комерц“ во Гевгелија, каде беше придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски...

Финансиската поддршка на Владата значи многу за компаниите, го зголемува бројот на работни места и ја подобрува материјалната состојба на компаниите и со тоа и на самите вработени. Ова е пораката која му беше упатена на заменикот на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи при неговата посета на компанијата „Русе Комерц“ во Гевгелија, каде беше придружуван од министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Николовски.

Во неговата изјава, вицепремиерот Битиќи рече дека компанијата „Русе Комерц“ е компанија од прехранбената индустрија која владата финансиски ја поддржува преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции со потпишан договор за инвестициски проект 2020-2024 година.

Вицепремиерот Битиќи додаде дека преку ЗФПИ, ги правиме нашите компании поконкурентни и поразвиени, бидејќи само така можат да обезбедат достоинствени плати за нивните вработени.

Сопственикот на компанијата, Димитар Русев, упати благодарност до владата и до вицепремиерот за финансиската поддршка која и овозможи на компанијата да ја заокружи инвестицијата, прво со изградената хала и нарачаните машини, и го охрабри вицепремиерот да продолжи со финансиската помош преку ЗФПИ.

Инаку, до сега Владата има поддржано 919 домашни компании за нивните инвестициски циклуси со реализирани 500 милиони евра инвестиции, поддржани со 100 милиони евра.