Стабилна економска клима во изборна година
Мора да се зачува стабилна економска клима во изборна година кога бизнисот, според искуството, е подреден на политиката. Имаме неискористен трудов потенцијал, отколку да уверзуваме работна сила. Дигитализацијата е стратешка тема, анализираат економските експерти...

Да продолжи курсот на стабилна инфлација, ефектуирање на експанзионата политика со антикризни мерки и создавање на стабилна економска клима во изборна година, кога економијата е во подредена ситуација и е резервирана во инвестирањето, анализира економскиот експерт по пазар на трудот, Димитар Николоски.
Увозот на работна сила може, но и не мора да биде решение за недостигот од работна рака. Треба да се активира неискористениот трудов потенцијал.
На дигитализацијата, која е иднината на економијата, треба да и се пријде стратешки. Во Македонија има само 40 насто дигитализирани фирми. Треба работниците да се оспособат со дигитални вештини, на што сите фирми уште не се подготвени.
Елизабета Митреска
