Македонија

Крушево за празниците нуди туристичка и историска приказна

31.12.2023 09:12

Туристичко и историско Крушево годинава со двојно повеќе туристи и посетители и за празниците и за зимската сезона нуди туристичка, но и историска приказна. И двете со еднаква љубопитност посетителите сакаат да ги слушаат …

Крушево за празниците е резервирано пред два месеца. И туристички и историски нуди богато искуство. Борис Маркоски од историскиот музеј, во Македониумот секојдневно ги пречекува гостите да им ја раскаже приказната за монументот кој во Европа е меѓу 10-те најспецифични споменици на културата.

За првпат, по 50 години од изградбата, низ документи и фотографии на осум паноа ја нуди историјата – од неговото издигнување и симболиката до денешните очекувања за монумент од врвен национален интерес.

Пет децении постојано имало барање да се отстранат аномалиите, особено обнова на витражните прозорци за кои е неопходна странска помош.

Приказната за Македониумот, симболот на историското Илинденско минато е вечна. Туристите со намален интерес сакаат да ја слушаат. И во празнични и во делнични денови.

 

Елизабета Митреска