Нов кум на чело на новогодишното оро во Дебар Маало, традицијата продолжува
Уште малку па сто години. Вака наздравуваа дебармаалци на првото утро на традиционалниот собир во центарот на градот. Ова место со години ги спојува сите генерации. Здравица и желби за успешна година...

Го развиорија знамето, запеаја, го раширија орото и како и секогаш на први јануари си посакаа здравје и успех. Дебармалци во за нив центарот на светот Дебар Маало во култната „Идадија“. Се подели погачата, се дигна чашата со добра капка, се предаде кумството, па и искуството.
Дебармаалци може да не се видат цела година, но тука се на првиот ден од Новата година. Си ги знаат корените, си ја негуваат традицијата и задоволни се дека меѓу искусните има се повеќе млади.
Желбите се кажаа. Дружењето продолжува. До година повесели, велат дебармаалци.
Миле Ристески
