Ставрески за МРТ: Подготвени сме на сите сценарија околу Јужен тек

09.06.2014 18:45

Објаснувајќи ја новонастанатата ситуација околу проектот Јужен тек, Ставрески нагласи дека за мала земја како Македонија е битно да се биде подготвен на сите други алтернативни сценарија...

Јужен тек е еден сложен проект кој е подложен на геополитички игри и тука ние не можеме да влијаеме. Останува да чекаме да се расчисти систуацијата помеѓу Европа и Русија, и помеѓу сите инволвирани држави. Во меѓувреме ние сме подготвени, штом се најде разврска, ако се најде разврска на тој проблем во геостратешки размери, тогаш Македонија ќе биде подготвена да ја започне реализацијата и да го изградиме кракот што ќе не поврзе со Јужен тек,  изјави вецепремиерот и министер за финансии, Зоран Ставерски, во интервју за МРТ.

Објаснувајќи ја новонастанатата ситуација околу проектот Јужен тек, Ставрески нагласи дека за мала земја како Македонија е битно да се биде подготвен на сите други алтернативни сценарија.

„Ние мора да сме адаптивни. Подготвеноста на малите земји е во тоа да си спремен да најдеш и други решенија секаде каде што има шанса, така што ќе ја гледаме можноста и во другите транспортни коридори на гас во регионот, да се приклучиме, за ако не може да се реализира Јужен тек во предвидената динамика да имаме и друго алтернативно решение. Но, остануваме и натаму посветени, ако се ослободи можноста за реализација на Јужен тек, ние ќе го направиме она што зависи од нас“, нагласи Ставрески. 

 

Целото интервју со вицепремиерот Зоран Ставрески може да го погледнете на следниот ЛИНК