мвр
244 санкционирани возачи во Скопје, 137 за брзо возење
04.02.2024 15:31
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови...

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден продолжи со акциските контроли во областа на сообраќајот.
Само на територијата на град Скопје изречени се вкупно 244 мерки, меѓу кои 137 санкции за непочитување на брзината на движење, 16 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за поминување на затворен сигнал (црвено светло), седум мерки за користење на мобилен телефон при возење, осум санкции за управување под дејство на алкохол.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови. Се апелира до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот, информираат од МВР.
