Расте притисокот за вадење патни исправи во дипломатско конзуларните претставништва
Се зголемува притисокот за вадење патни исправи врз дипломатско конзуларните претставништва во речиси сите европски па и подалечни земји. Во Германија каде бројката на наши сонародници е значителна, во амбасадата во Берлин има по 60-70 фотографирања на ден. Состојбите се слични и во другите македонски дипломатско конзуларно претставништва особено оние од Европа...

Се зголемува притисокот за вадење патни исправи врз дипломатско конзуларните претставништва во речиси сите европски па и подалечни земји. Сите прават напори до 12-ти февруари да ги обезбедат, оти после тоа не им бега патниот лист и враќањето во татковината за да ги средат документите. Во Германија каде бројката на наши сонародници е значителна, во амбасадата во Берлин има по 60-70 фотографирања на ден. На околу 50-тина им се издаваат патни листи, исто толку се препраќаат во конзуларните претставништва така што на дневна основа пристигнуваат од 120-150 барања. Во конзуларните претставништва во Бон и Минхен за разлика од Берлин гужвите се чувствуваат веќе поодамна.
И во Австрија состојбите не се подобри.
Нашинците се соочуваат со проблеми особено кога од една земја треба да заминат во конзуларно претставништво во друга земја за која, пак, им е потребна виза. Неа не секогаш можат да ја добијат, и тоа за вака краток рок. Таков е случајот со оние кои се во ирска, ним најблиско претставништво им е во Лондон.
Состојбите се слични и во другите македонски дипломатско конзуларно претставништва особено оние од Европа како: Франција, Холандија, Швајцарија, Шведска, Шпанија Полска, Романија, Русија, Словачка, Чешка, Турција, Украина, Унгарија, во речиси сите балкански земји и оние од ексјугословенските простори. Потоа во Северна Америка и Канада, во Азија: Израел, Индија, Јапонија, Казахстан, Катар, Кина, во Обединети Арапски Емирати, во Јужна Америка- Бразил, во Африка- Египет и во Австралија што е и за Океанија.
Фиљана Кока
