Нема да има селекција во гонењето на криминалот, порача новиот државен обвинител
Коцевски даде свечена заклетва пред собранискиот спикер Митрески. Најави дека довербата на граѓаните во Обвинителството ќе ја врати со транспарентност на институцијата што очекува да поттикне и отчетност, одговорност и ефикасност на јавните обвинители...

Новиот државен обвинител Љупчо Коцевски, положи заклетва. Но, потписот на документот е полесниот дел од работата, сега останува предизвикот како да се врати довербата во институцијата која е на стаклени нозе. Најави неселективна борба против криминалот и корупцијата, иницирање на постапки по допрен глас но, и поголема транспарентност на сите обвинители.
Највисоката обвинителска функција е тежок и одговорен предизвик, но Коцевски уверува дека има искуство и знаење да одговори на задачата. Работел како адвокат, но и како обвинител во Гостивар за во 2022 година да биде ангажиран во Републичкото обвинителство како еден од десеттемина обвинители во оваа институција.
Анита Димитријевска – Велковска
