Џафери- Тигањ: Хрватска силно ја поддржува европската перспектива на Северна Македонија
На средбата, како што соопштуваат од владината прес- служба, беа истакнати пријателските односи меѓу двете земји кои ги поврзува традиционално и искрено пријателство, кои се клучни за градење на побезбедна и попросперитетна иднина за граѓаните на двете држави, како и за целиот регион.

Техничкиот премиер Талат Џафери, оствари средба со амбасадорката на Република Хрватска во земјава, Нивес Тигањ.
На средбата, како што соопштуваат од владината прес- служба, беа истакнати пријателските односи меѓу двете земји кои ги поврзува традиционално и искрено пријателство, кои се клучни за градење на побезбедна и попросперитетна иднина за граѓаните на двете држави, како и за целиот регион.
Хрватската амбасадорка Тигањ на премиерот Џафери му честиташе за мандатот и ја изрази силната поддршка за европските перспективи на земјава. Воедно, потврди дека за Република Хрватска е од голем интерес решавањето на прашањето за патните исправи за граѓаните на Република Северна Македонија, со оглед на големиот придонес што го даваат нашите граѓани во нивната туристичка економија.
Џафери истакна дека Владата останува посветена на почитување на европските вредности и спроведување на процесите важни за евроинтеграцијата на Северна Македонија. Соговорниците на средбата разменија мислења за поддршката на Хрватска за Северна Македонија, во поглед на корисните искуства значајни за евроинтеграцискиот процес, стои во соопштението.
