Македонија

Епидемија на морбили во регионот

23.02.2024 15:57

Опфатот на имунизација падна и се отвори фронтот на заразни заболувања. Во Европа се шират морбили, пертусис, дифтерија, велат од Комисијата за заразни заболувања. Во Македонија состојбата со пертусисот е под контрола, морбили нема, но секој момент можат да дојдат од соседството каде што има прогласено епидемии...

Во земјава во моментов нема морбили, но не демне опасност. Во регионот прогласени се епидемии во Сараево и Белград. Морбили се шират и во Албанија. Доктор Мехмедовиќ вели голема е веројатноста заразната болест да дојде од надвор. Загрижувачки е што морбилите се високозаразно заболување и кога ќе се појави случај, бројот на инфицирани расте брзо. Пред две години во Европа беа забележани околу 1.000 случаи на морбили, за лани да имаме 30.000 заразени. И пертусисот се шири.

Родителите преку училиштата се повикуваат во диспанзерите за имунизирање.

Неодговорноста придонесува циклично, на три до четири години, да ни се јавуваат епидемии, како што беше со морбилите. Последната поголема беше во 2019 година со околу 1.900 заболени случаи.

Лекарите се сеќаваат дека во земјава сме имале голема епидемија на заушки пред 15 години, се јавила како резултат на недостиг на МРП вакцината на почеток на деведесеттите години.

 

 

Наташа Јанчиќ-Менковски