Македонија

Бочварски во работна посета на источниот регион

23.02.2024 17:47

Во рамките на работната посета на источниот регион, министерот Благој Бочварски ја посети и општина Карбинци каде со градоначалникот Виктор Паунов, извршија увид во изградба на локалниот пат од н.с. Таринци до н.с. Долни Балван...

Во рамките на работната посета на источниот регион, министерот Благој Бочварски ја посети и општина Карбинци каде со градоначалникот Виктор Паунов, извршија увид во изградба на локалниот пат од н.с. Таринци до н.с. Долни Балван.

Проектот е финансиран од страна на Министерството за транспорт и врски како дел од проектот за поврзување со локални патишта на општините и истиот е во вредност од 30 милиони денари.

Изградбата на патот се одвива согласно планираната динамика, прогресот е околу 75% и се очекува истиот да биде пред летниот период.

„Силно сме фокусирани на модернизација на патната мрежа, каде инвестираме преку 2 милијарди евра за што најдобро говорат бројките и проектите кои се работат на терен. Особено внимание посветуваме на подобрување на локалните патишта и улици каде преку Министерството за транспорт и врски даваме директна поддршка од вкупно 70 милиони евра на сите општини и помагаме на сите граѓани преку изградба на квалитетни патишта. Овој пат е инвестиција од 30 милиони денари неповратни средства за општината кои ги обезбедивме преку Министерството за транспорт и врски. Во овој момент активно се работи на подготовка за асфалтирање, се работи на поставување на електрична инсталација, исто така со проектот е предвидена и изградба на пешачка патека во должина на целиот патен правец. Овој локален пат кој ги поврзува двете населени места беше барање токму на локалното население и ние како централната власт уште еднаш покажавме дека имаме слух за сите граѓани.“ – изјави министерот Бочварски.