Медиумската писменост и вештачката интелигенција
Потребни се промени во образовниот систем. Младите мораат да бидат во тек со брзите општествени промени кои ги носи вештачката интелигенција преку стекнување вештини за медиумска писменост...
Вештачката интелигенција е многу корисна, но само ако се користи одговорно, може да ги подобри начините со кои анализираме и создаваме информации. Но, дали поентите креирани со помош на вештачката интелигенција е етички да се споделуваат на различни публики, умеат ли сите граѓани подеднакво да ги користат придобивките од вештачката интелигенција и дали сме свесни за ризиците од нејзината употреба.
За медиумската писменост во доба на вештачката интелигенција разговараа претставници на Меѓународната академска заедница, експерти и истражувачи.
Вештачката интелигенција носи брзи општествени промени, а младите треба да се приспособат на овие промени преку учење вештини за медиумска писменост.
На работилница за вештачка интелигенција за интерактивно учење и истражување, младите имаа можност да ги видат најпопуларните алатки и да научат продуктивно да ги користат, но и да се заштитат од штетни влијанија.
Александра Спировска