Игран филм
МИС СТОН

Сабота, 21:30
Дејствието во филмот се базира на вистински настан. Во 1901 година пиринскиот цар Јане Сандански со неговата чета ја грабнува американската мисионерка Мис Стон. За нејзиниот откуп се побарани 25.000 златни лири за набавка на оружје. Мис Стон во почетокот се противи да го потпише барањето, но откако поминува низ неколку борби водени со турскиот аскер, застанува на страната на четата на Јане Сандански. Таа го потпишува писмото, и барањата на крај биле исполнети.
Режија: Жика Митрович
Улоги: Олга Спиридоновиќ, Илија Милчин, Марија Точиноски, Илија Џувалековски, Петре Прличко
