РЕПУБЛИКА ВО ПЛАМЕН

На 2 август 1903 година, на светиот ден Илинден, во Македонија се крена востание. Тоа беше одговор на повеќевековното ропство и теророт на кој беше изложен македонскиот народ. Илинденското востание кулминираше во создавањето на Крушевската република која опстојуваше десет дена и беше единствена република на Балканот во тоа време. За да се објаснат целта и намерите на востанието, Никола Карев, претседател на Крушевската република го пишува Манифестот на Крушевската република, кој според прогресивноста на идеите изнесени во него е далеку пред времето на настанувањето. Веднаш по започнувањето на востанието кое претендираше да се прошири низ поголемиот дел од Македонија, стана јасно дека тоа е кренато без целосни подготовки...
Режисер: Љубиша Георгиевски
Сценарио: Љубиша Георгиевски и Јован Бошковски
Директор на фотографија: Бранко Михајловски
Главни улоги: Драги Костовски, Драгомир Фелба, Илија Милчин, Илија Џувалековски, Ирена Просен, Петре Прличко, Ристо Шишков, Стево Спасовски, Вукан Диневски...
