АЛБАНИЈА
Почина архиепископот на Албанија Анастасиос
25.01.2025 14:17
На 95-годишна возраст почина поглаварот на Албанската православна црква, архиепископот Анастасиос, кој од почетокот на месецов беше хоспитализиран во болница во Атина.

На 95-годишна возраст почина поглаварот на Албанската православна црква, архиепископот Анастасиос, кој од почетокот на месецов беше хоспитализиран во болница во Атина.
Архиепископот беше теолог, мисионер, писател и поранешен професор. Изминатите 32 години беше поглавар на Православната црква на Албанија, која тој самиот ја обнови во 1992 година откако мисијата ја доби од Вселенската патријаршија.
