Хамас по вторпат го прекрши договорот за прекин на огнот во Газа
Хамас синоќа по вторпат го прекрши договорот за прекин на огнот во Газа со тоа што не му достави на Израел список со детали за статусот на заложниците кои треба да бидат ослободени во првата фаза, во рамки на договорот за ослободување на 33-ца...

Хамас синоќа по вторпат го прекрши договорот за прекин на огнот во Газа со тоа што не му достави на Израел список со детали за статусот на заложниците кои треба да бидат ослободени во првата фаза, во рамки на договорот за ослободување на 33-ца.
Досега на слобода беа пуштени седуммина како дел од спогодбата, во замена за околу 300 палестински затвореници. Роднините на останатите израелски заложници ги повикаа политичарите да се држат до договорот за прекин на огнот и да избегнат враќање во војна.
Еден Палестинец загина, а неколку цивили се ранети откако израелската одбрана отвори оган врз колона бегалци. Малку подалеку на север, Израел не се откажува од намерата да се држи до пограничната област во јужен Либан, предупредувајќи го локалното население да не се враќа во тој регион.
