Турција

Грешка на кујнскиот персонал го предизвикал пожарот во хотелот „Гранд Картал“ во турскиот ски-центар во Бол

27.01.2025 11:15

Додека се подготвувал појадокот се запалило врело масло, а пламенот се проширил по погрешната интервенција на вработените во кујната, кои се обиделе да го изгаснат пожарот со вода, а не со противпожарен апарат...

Пожарот во хотелот „Гранд картал“ во турскиот скијачки центар во Карталкаја бил предизвикан од грешка во кујната. Објавени се резултатите од истрагата за трагедијата, во којашто загинаа 78-мина. Додека се подготвувал појадокот се запалило врело масло, а пламенот се проширил по погрешната интервенција на вработените во кујната, кои се обиделе да го изгаснат пожарот со вода, а не со противпожарен апарат. Откако врелото масло дошло во контакт со водата, пламенот се проширил на таванот, а потоа и на горните катови на хотелот.

Вработените реагирале панично и исплашено ја напуштиле кујната. Гостите на хотелот не можеле да бидат информирани, бидејќи не работел противпожарниот аларм.