Саудиска Арабија
Завршија преговорите во Ријад за Украина
25.03.2025 08:23
Двете страни го договорија текстот на заедничката изјава, а документот денеска треба да го објават Кремљ и Вашингтон...

По повеќе од 12 часа, завршија разговорите меѓу руската и американската делегација во Ријад. Двете страни го договорија текстот на заедничката изјава, а документот денеска треба да го објават Кремљ и Вашингтон.
Киев претходно ги оцени преговорите со САД како исклучително добри и суштински. Зеленски повторно посочи дека Русија е единствениот актер што ја одолговлекува војната. Трамп објави дека договорот за ретките минерали со Украина наскоро ќе биде потпишан.
Борбите на фронтот продолжуваат.
