Политика

Коалициски преговори за владина реконструкција

13.11.2025 18:14

ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ги почнаа консултациите за најавената владина реконструкција. Премиерот Мицкоски не соопшти конкретни детали за разговорите со владиниот коалициски партнер Вреди за реконструкцијата, но и за најавата за повереници во 4-те општини каде што повторно ќе се гласа …

Почнаа разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и Вреди за испразнетите места во Владата. Премиерот Христијан Мицкоски не открива детали, но најави дека многу брзо ќе биде познато кој ќе го наследи Меџити на вицепремиерското место, но и во Министерството за животна средина. Извесно е само дека Беким Сали седнува на вицепремиерското столче. Меѓу темите на редовните средби на коалициските партнери и назначувањето на владини повереници во четирите општини кои не добија градоначалници.

Ниту од „Вреди“ не откриваат што било договорено на средбата со премиерот Мицкоски и дали ќе има рокада на ресорите во Владата.

Во Владата остана празно и местото во Министерството за односи меѓу заедниците откако вицепремиерот Иван Стоилковиќ стана советник во Општина Куманово.

Според најавите, промените на „Илинденска“ треба да се случат кон крајот на годинава, односно по конгресот на ВМРО-ДПМНЕ кој ќе се одржи на 6-ти декември.

Викторија Милевска