Временска прогноза

Променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд

21.11.2025 08:15

Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m2 за 24 часа), со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h)...

Времето денеска ќе биде променливо облачно со повремени локални врнежи од дожд. Наместа врнежите ќе бидат пообилни (над 30 l/m2 за 24 часа), со услови за појава на невреме со грмежи и силен ветер. Во текот на денот ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец (над 60 km/h).

Утринската температура ќе биде од 5 до 12 степени, а дневната ќе се движи меѓу 9 и 19 степени.

Во Скопје, променливо облачно, во делови од котлината со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, повремено засилен југоисточен ветер.