Владина седница на Денот на албанската азбука
Македонија е дом на различности кои не разделуваат, туку ја збогатуваат заедничката национална приказна. Да живееме заедно, да градиме заедно и да чекориме заедно кон европската иднина“ – пораки од свечената владина седница за Денот на албанската азбука.

Различностите ја збогатуваат заедничката национална приказна, а одбележувајќи го денот на албанската азбука, оддаваме признание на напорите на генерации кои се бореле за образование, писменост и културен развој, но и на сите кои денес го продолжуваат тој пат. тој додаде дека амбицијата е младите Македонци, Албанци, и сите други заедници да ја гледаат својата иднина во силна и развиена држава, општество во кое секој јазик е мост, а не граница. Сила, а не поделба. Богатство, а не предизвик.
Во својот говор, заменик-претседателот Фетаи посочи дека битолскиот конгрес од 1908 го означи формирањето на современиот албански идентитет и унифицирањето на албанската азбука како еден од главните столбови на нацијата.
Втора година по ред Владата на Република Северна Македонија организира свечена седница во Владата за Денот на албанската азбука кој во 2007 година беше прогласен за празник на албанската заедница.
Фиљана Кока
