На полноќ истекува рокот за собирање потписи за независните кандидати за градоначалници во четири општини
Вечер на полноќ истекува рокот за собирање потписи за независните кандидати коишто сакаат да учествуваат на повторените локални избори во четирите општини Маврово-Ростуше, Врапчиште, Гостивар и Центар Жупа. Собирањето на потписите се врши пред службените лица на надлежното подрачно одделение и канцеларија на Државна изборна комисија и пред надлежен нотар...

Вечер на полноќ истекува рокот за собирање потписи на независните кандидати коишто сакаат да учествуваат на повторените локални избори во четирите општини Маврово-Ростуше, Врапчиште, Гостивар и Центар Жупа. Собирањето на потписите се врши пред службените лица на надлежното подрачно одделение и канцеларија на Државна изборна комисија и пред надлежен нотар.
Одлуката за повторно одржување за избор на градоначалници за овие општини е поради неисполнетиот цензус на излезност од една третина во првиот круг што се одржа на 19-ти октомври.
Владата именуваше повереници кои до денот на гласањето, 11 јануари, ќе раководат со локалните самоуправи.
