Македонија

Груби спроведен во истражниот затвор во Шутка

23.02.2026 10:30

Се товари за кривично дело „проневера во службата“ во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени дека нарачале апарати и проневериле околу осум милиони евра државни пари.

Откако утрово околу 6 часот на граничниот премин „Блаце беше уапсен поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, тој е однесен во истражниот затвор Шутка, откако во отсуство му беше одреден 30-дневен притвор.

Се товари за кривично дело „проневера во службата“ во Државна лотарија, каде заедно со Перпарим Бајрами се осомничени дека нарачале апарати и проневериле околу осум милиони евра државни пари.

Груби во 2024-та година ја напушти Македонија, а за него беше распишана меѓународна потерница. САД го стави Груби и на „црната листа“.