Образование

Од Брвеница стартуваше проектот „Училишта на 21 век“

10.06.2026 19:13

Унапредување на квалитетот на образованието преку развивање вештини кај учениците, решавање проблеми и основи на кодирање, со што ќе се подготват за предизвиците на пазарот на труд. Ова е целта на втората фаза од проектот „Училишта на 21 век“. Стартот – во Општина Брвеница...

Унапредување на квалитетот на образованието преку развивање вештини кај учениците, решавање проблеми и основи на кодирање, со што ќе се подготват за предизвиците на пазарот на труд. Ова е целта на втората фаза од проектот „Училишта на 21 век“. Стартот – во Општина Брвеница.

Во рамки на настанот беше презентирана и програма, преку практична демонстрација во опремена училница со учество на ученици и наставници.

Проектот опфаќа вкупно 100 училишта од Македонија и над 1.000 наставници кои ќе поминат обука и ќе се стекнат со вештини како да ги користат дигитални алатки во наставата.

Со програмата ќе се опфатат над 20.000 ученици од 9 до 10 години.

Борис Грујоски