климатски промени

Здравјето на испит пред климатските промени

14.06.2026 13:15

Климатските промени се крајни и побрзи отколку приспособливоста на организмот на нив. Се појавуваат и некои нови алергии. Лекарите со уште поголеми препораки, граѓаните без разлика на возраста - ги чувствуваат...

Дожд, сонце, 30 па 18 степени. И сето за 24 часа. Здравјето е во уште поголема опасност пред климатските промени. За околу 30 проценти се зголемиле лекарските интервенции, а се јавуваат и некои нови алергии. Може и поради стресот и хормоналните промени.

Не е пресудна возраста за да се почувствуваат здравствените проблеми.

Сонцето не жежи како порано. Зголемена е и опасноста од канцер на кожата.

Климатските промени се многу побрзи од приспособливоста на организмот.

Елизабета Митреска