Законот за правична застапеност утре пред пратениците
Со предлогот, треба да се замени укинатиот балансер од Уставниот суд. Според одредбите, правичната застапеност во институциите треба да се заснова на реални податоци од последниот попис и на конкретните потреби за вработување...

Законот за правична застапеност, со кој се предвидува државните органи и јавни претпријатија да ги почитуваат уставните принципи за вработување на различни етнички заедници, во прво читање, утре пред пратениците на пленарна седница. Со предлогот, треба да се замени укинатиот балансер од Уставниот суд. Според одредбите, правичната застапеност во институциите треба да се заснова на реални податоци од последниот попис и на конкретните потреби за вработување.
Опозицијата од албанскиот блок обвинува дека овој закон не е добра замена на укинатиот балансер. Од СДСМ сè уште не се изјаснуваат дали се за или против, но на комисиската расправа дадоа свои забелешки. Се предлага законот да се носи со мал бадентер, односно и со мнозинство од присутните пратеници што припаѓаат на немнозинските заедници.
Претходно, во Комисијата за политички систем ќе се одржи и јавна расправа.
