Временска прогноза

Променливо облачно со сончеви периоди, попладне пороен дожд со грмежи

17.06.2026 08:05

Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец...

Времето денеска ќе биде променливо облачно и топло со сончеви периоди. Во попладневните часови ќе има локална нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Наместа процесите ќе бидат поинтензивни со пообилен пороен дожд и услови за појава на град. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Утринските температури ќе се движат од 10 до 17 степени, додека дневните ќе достигнат меѓу 25 и 31 степен.

Во Скопје, променливо облачно и топло со сончеви периоди. Попладне во делови од котлината ќе има услови за појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.