Мицкоски со визија до 2044 година
Според Мицкоски, повеќе од 1.200 претставници од институции, бизнис-секторот, науката и граѓанските организации учествувале во креирањето на конкретни мерки, дел од кои веќе се реализираат...

Македонија мора да престане да живее од импровизации и краткорочни решенија, порача премиерот Христијан Мицкоски на петтиот состанок посветен на Националната развојна стратегија. Тој оцени дека станува збор за еден од најважните документи во поновата историја на државата, со кој се планира развојот до 2044 година. Според Мицкоски, повеќе од 1.200 претставници од институции, бизнис-секторот, науката и граѓанските организации учествувале во креирањето на конкретни мерки, дел од кои веќе се реализираат.
Премиерот посебно ја издвои демографската криза како еден од најголемите предизвици и нагласи дека успехот на стратегијата ќе се мери според тоа колку млади ќе останат во земјава и колку нови инвестиции и работни места ќе бидат создадени. Мицкоски порача дека извештајот не е крај, туку почеток на долгорочен процес што бара континуитет и политичка зрелост во наредните две децении.
