Се бара решение за пластичните фолии од земјоделството како отпад
Во Струмица дебата за и околу земјоделската пластика со фокус на пластичните фолии од производството на зеленчук. Каде завршува после нивниот век на употреба, има ли модел на управување со овој вид отпад и колку е тој опасен.

Три до четири илјади тони годишно пластични фолии има на македонскиот пазар кои се наменети за земјоделството. Најмногу ги користат пластичните, мулч и силажните фолии кои после нивниот век за користење завршуваат на диви депонии или се палат при што се загадува животната средина.
Швајцарската програма ИМЕ реализира активности со кој треба да се најде модел и решение како со пластичните земјоделски фолии. Презентираа решенија од четири европски држави кои дават инпут за одржливо земјоделство но и туризам.
Воведување еко надоместок за производителите и увозниците кој ќе обезбеди пари за собирање транспорт и рециклирање, воведување регионални собирни пунктови за пластични фолии, формирање колективен постапувач-се дел од решенијата што ги понудија присутните на јавната дебата во Струмица.
Пластичните фолии во струмичко или се палат или завршуваат во депонии и канали. Конкретно решение за нив нема и во земјава тој се третира како отпад од земјоделството.
Ване Трајков
