Реакции по одлуката

21.08.2026 15:24

ОЈО ГОКК не најде докази за кривично дело при набавката на модуларните болници. Премиерот и лидерот на СДСМ имаат спротивставени ставови за случајот.

Одлуката на ОЈО ГОКК да не се отвори истрага за набавката на 19 модуларни болници за премиерот Мицкоски е скандалозна. Шефот на Владата во изјава за медиумите рече оти ова е обид на обвинителот во заминување Абази да се раздолжи со претходната власт и како што рече – нему не му значи ништо тоа што во модуларната болница во Тетово живи изгореле 14 луѓе. Но, премиерот е дециден – ако има нови докази, ќе има и истрага.

Лидерот на СДСМ и поранешен министер за здравство Венко Филипче, во чиј мандат се инсталираа модуларните болници побара извинување од ВМРО-ДПМНЕ затоа што, како што рече пет години го нарекувале убиец.

Обвинителството го затвори случајот поради немање докази. Анализите покажале дека не е сторено кривично дело за кое се гони по службена должност, односно модуларните болници биле легално купени.

Анита Димитријевска-Велковска