ПРЕДЛОГ ГОДИШНА ПРОГРАМА ЗА РАБОТА НА МРТ ЗА 2027 ГОДИНА

24.09.2026 14:42

ЈАВНА РАСПРАВА ЗА ПРЕДЛОГ-ПРОГРАМАТА НА МРТ ЗА 2027 ГОДИНА

Програмскиот совет на Македонската радио-телевизија ја информира јавноста дека е отворена јавна расправа за Предлог-програмата на МРТ за 2027 година.

Со цел обезбедување транспарентност и пошироко учество на јавноста во креирањето на програмската понуда на јавниот радиодифузен сервис, Програмскиот совет ги повикува сите заинтересирани страни да достават свои предлози, сугестии, забелешки, коментари и идеи за унапредување на програмските содржини на МРТ.

Пристигнатите предлози ќе бидат разгледани од страна на Програмскиот совет и ќе бидат земени предвид во рамките на неговите надлежности и при понатамошното разгледување на Предлог-програмата за 2027 година.

Напомена: Заради транспарентност на јавната расправа и соодветно евидентирање на учеството на јавност, Програмскиот совет ќе ги разгледува поднесоците во кои е наведен идентитетот на подносителот. Анонимните поднесоци нема да бидат предмет на разгледување.

Предлозите може да се доставуваат на електронската адреса: [email protected]  најдоцна до 23.10.2027 година

Со почит,

Програмски совет на МРТ

Предлог-годишната програма за работа на ЈРП МРТ за 2027 година може да ја преземете на следниот линк: