Кошарка

Стартуваше новата сезона на Евролигата

25.09.2026 09:57

Олимпијакос со победа ја отвори сезоната во Евролигата, Реал Мадрид загуби од Дубаи...

Со седум натпревари синоќа стартуваше новата сезона во кошаркарската Евролига. Актуелниот шампион Олимпијакос со убедлива победа на гостувањето кај Басконија од 106:89 беше единствениот тим што постигна повеќе од 100 поени во првото коло.

Финалистот од минатата сезона, Реал Мадрид, претрпе пораз на гостувањето кај Дубаи со 78:77, во натпревар со неизвесна завршница.

Во останатите натпревари, Хапоел Тел Авив загуби од Баерн со 84:86, Црвена Звезда беше поразена од Жалгирис со 77:83, Панатинаикос го совлада Париз со 91:72, Барселона беше подобра од Анадолу Ефес со 89:82, додека Вилербан го победи Макаби Тел Авив со 84:74.

Вечерва се играат уште три натпревари од првото коло: Бешикташ – Валенсија, Фенербахче – Виртус и Партизан – Милано.