Партиски превирања
Расте притисокот врз Филипче. Платформата бара негово заминување од кормилото на партијата. СДСМ порачува – проект како „ЗНАМ “ повотно нема да помине.

Филипче со групата околу него се фракција, зад нас стои членството на СДСМ и сè повеќе имаме приврзаници, Игор Ивановски вака објасни зошто не прифаќаат да седнат да разговараат со актуелното раководство на СДСМ. Според него платформата 12.05 е притисната да постапува на овој начин откако во минатиот период не допреле нивните повици СДСМ вистински да се реформира, вели Ивановски.
Затоа пак, со Левица почна соработката. Пратеникот Амар Мециновиќ дојде на трибината која ја организираше платформата со цел да разговараат за следната политичка фаза. За Левица ова е дел од разговорите што ќе ги водат со различни опозициски и општествени чинители. Иако членовите на платформата се членови и на СДСМ и поранешни функционери, Мециновиќ не гледа врска меѓу нив и партијата која за него е колосално разочарување.
Граѓаните гледаат кој медиумски ја спонзорира платформата ЗНАМ 2.0, а покровителот е Мицкоски, возвратија од СДСМ. Сите заедно се во кампања против претседателот на СДСМ Филипче, но тоа нема да помине, додаваат.
Од владејачката партија, пак му порачаа на лидерот на СДСМ да се занимава со внатрепартиските проблеми, наместо вината да ја бара кај ВМРО-ДПМНЕ. Филипче сака, велат од владејачката партија, да го пренасочи проблемот.
На политичката сцена превирањата стануваат сè поинтензивни како да претстои изборен период. Иако тоа не соодветствува со изјавите на челниците и на опозицијата и на власта, дека наскоро избори нема да има.
Фиљана Кока
