Швајцарија убедлива против Македонија со 3:0 на стартот од Лигата на нации
Македонската фудбалска репрезентација со пораз го започна настапот во Б-сегментот на Лигата на нации. Швајцарија доминираше на Националната арена „Тодор Проески“ и славеше со 3:0, а Македонија не упати ниту еден удар во рамките на голот на гостите.

Македонската фудбалска репрезентација со пораз од 3:0 од Швајцарија го започна настапот во Б-сегментот на Лигата на нации.
Гостите на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје доминираа во текот на целиот натпревар, а до убедливата победа стигнаа со головите на Ремо Фројлер и Зеки Амдуни, кој двапати се запиша во листата на стрелците.
Македонија не упати ниту еден удар во рамките на голот на противникот. Швајцарија, пак, имаше уште неколку добри можности, но голманот Столе Димитриевски спречи уште поубедлив пораз на македонската репрезентација.
За Македонија ова беше петти натпревар по ред без постигнат гол.
