Сопственикот на фирмата „Деликатес“, член на СДСМ и директорот на „Сувенир Самоков“ меѓу уапсените во полициската акција

21.10.2014 12:19

Се товарат за криминал тежок 2,5 милиони долари односно за перење пари кое што го вршеле преку оф-шор компании...

Меѓу уапсените во големата полициска акција утрово е сопственикот на фирмата Деликатес, поранешен пратеник, актуелен член на Централниот одбор на СДСМ, сега работи со градежниот бизнис.  

Уапсени се и членови на неговото семејство. Еден од осомничените е и поранешен вработен во Министерството за одбрана  кој беше осуден во аферата „Тенковски делови“ на 2 години затвор, но потоа Апелација казната му ја намали на условно. Меѓу уапсените е и директорот на Сувенир Самоков.  

Се товарат за криминал тежок 2,5 милиони долари односно за перење пари кое што го вршеле преку оф-шор компании, при што парите за  сервисирање на армиските хеликоптери  ги префрлале од една фирма на друга.

Осумтемина се изведени пред судија на претходна постапка во Скопска „единица“.