Туларемија: Нема регистриран случај во струмичкиот регион

16.03.2015 16:51

Официјално, засега се пријавени девет лица болни од туларемија од почетокот на годинава. Жителите на поплавените подрачја забележале поголемо присуство на глодари...

Нема регистрирано случај од болеста туларемија во струмичкиот регион, информирраат од Центарот за јавно здравје. Болеста која се појавува како последица од заразниот измет на глодарите, инфицира неколку лица во штипско. Официјално, засега се пријавени девет лица болни од туларемија од почетокот на годинава. Жителите на поплавените подрачја забележале поголемо присуство на глодари.

И агроекспертите сметаат дека поплавите, но и дождливото време, се одлична подлога за појава на штетниците глодари, кои може да го уништат целиот род. Нивното уништување е тешко, бара голема организираност.

„Заштитата од глодари најдобро е да се врши организирано на цело едно подрачје“, вели проф. д-р Душан СпасовЗемјоделски факултет, Универзитет Гоце Делчев“.

Локалните власти веќе имаат преземено мерки за дезинфекција и дератизација на поплавените подрачја. Велчат дека се во постојан контакт со Центрите за јавно здравје за да се спречи евентуално некаква инфекција.

„Презедовме акција за дезинфекција, неа ја извршивме во населеното место Моноспитово, во сите куќи каде што имаше навлезено вода“, изјави Љупчо Колев- градоначалник на Босилово.

Надлежните апелираат доколку се граѓаните забележат глувци треба веднаш да пријават во Центрите за јавно здравје.

Препораките се редовно да се хлорира водата од бунарите, кои не се дел од водоводен систем, а паралелно со тоа и да се проверува исправноста на водата. Симптомите на туларемијата се зголемена температура, треска, потење, интензивнои главоболки и болки во целото тело и општа слабост кои траат од 2 до 4 недели.

https://ssl.gstatic.com/ui/v1/icons/mail/images/cleardot.gif

 

Катерина Дафчева