Аналитичари: Опозицијата се обидува да ја дефокусира јавноста

18.03.2015 17:23

Според Александар Пандов, лидерот на СДСМ со конструкции сака да ја прикрие кривичната пријава за поткуп тежок 200 илјади евра. Доказ дека сценаријата на Заев пропаѓаат, за Пандов е фактот дека лидерот на СДСМ веќе една недела молчи за случајот за поткуп што го процесурираа институциите...

Различните изјави на заев од ден на ден ја покажувaат неговата дезориентираност во обидите за замајување на јавноста- велaт аналитичарите. Според Александар Пандов, лидерот на СДСМ со конструкции сака да ја прикрие кривичната пријава за поткуп тежок 200 илјади евра. Доказ дека сценаријата на Заев пропаѓаат, за Пандов е фактот дека лидерот на СДСМ веќе една недела молчи за случајот за поткуп што го процесурираа институциите.

Ние веќе сме навикнати да слушаме за една иста работа три различни изјави од г. Заев, така да сведоци сме и за ова последново за рекетот што го правел во општина Струмица. Станува збор за човек кој е преплашен, изваден од памет. Сега е длабоко закопан во својата зајачка дупка и оттаму гледа на секој начин како да ја замајува и понатаму македонската јавност. Па и повеќе од пропаѓање е затоа што досега имаме толку многу доказен материјал слушнато, мислам да кај секој еден слободоумен човек со нормална логика веќе јасно му е од каде потекнува, од каде дува ветрот, дека целата оваа работа е изменаџирана и позади нејзе стои странска држава“, смета аналитичарот Пандов.

Аналитичарите коментираат дека и собирот на ВМРО-ДПМНЕ не престанува да ја држи нервозата во СДСМ. Толкуваат дека граѓаните застанале во одбрана на проектите и интересите на државата наспроти она што сака да го постигне Заев – да дојде на власт со аудио-материјали од прислушувани разговори. Според нив, членството на опозициската партија сега си го поставува прашањето – дали начинот на таквото делување е оправдан?

„Масовното присуство на еден ваков голем собир претставува и политичка порака до политичкиот опонент, дека не се согласуваат со неговите креации, со неговите водења на политиката и она што ја продуцираше политичката криза во Македонија“, смета аналитичарот Оливер Андонов.

Вознемиреноста кај Социјалдемократите расте и по се погласните критики дека решение на ситуацијата ќе има со формирање техничка влада. Резерва за таков потег, според нашите информации, наводно искажале и некои од претставниците на меѓународна заедница во змјава.

„Очајничка ситуација на опозицијата, која со сето ова што го прави, ја руши државата, и нанесува невидени долгорочни штети. Да не збораваме дека Македонија е денеска во сите светски медиуми, во една негативна конотација“, вели поранешниот дипломат, Ристо Никовски.

Внимателноста за формирање широка влада, според нашите соговорници, произлегува и поради судската постапка за случајот „Пуч“, а уште повеќе од тоа што веќе е изречена и првата пресуда за прислушување на еден од инволвираните кој сам го призна кривичното дело.

Наташа Гркова- Петрушевска