53 успешни операции: Една година од Државната кардиохирургија
53 операции на срце за една година. Проектот Државна кардиохирургија, најавуван 40 години, успешно функционира...

Никогаш немал сериозни здравствени проблеми, но контролниот преглед по операцијата на колкот, му донесе нов животен предизвик - итна операција на срцето. 64 годишниот Спиров е првиот пациент кој пред една година успешно е опериран во Државната кардиохирургија.
„Се се случи набрзина. За два - три дена откога дознав до операцијата. Пред малку докторката рече дека сега се е во ред“, вели Игнат Спиров.
Македонскиот тим кардиохирурзи под менторство на странски доктори за една година имаат извршено 53 успешни операции на срце. Сега тие се извршуваат на хируршките клиники, но за неколку месеци операциите ќе се прават во новите простории на Клиниката за кардиологија. Тимот е подготвен, се чека опремата.
„Сеуште се работи под менторство, но сите млади кадри ќе пораснат многу брзо и ќе имаме комплетен кадар кој што ќе трае и кој што нема да се потпира на еден стручњак, туку ќе се направи вистински тим“, изјави проф. д-р Сашко Јовев, Клиника за кардиологија.
„Одлично опремена интензивна нега, одлично опремена соба на одделение и најнова, најсовремена опрема. За мене е многу значајно одличен и многу мотивиран кадар“, вели министерот за здравство Никола Тодоров.
Државната кардиохурургија е идеа стара 40 години, која денеска успешно функционира.
Андријана Атанасовска
