Аналитичари: Демаскирани нелогичностите на Заев

19.03.2015 17:51

Немајќи поддршка од народот, членови на СДСМ, потпомогнати од неколку нивни блиски медиуми,според аналитичарите, се натпреваруваат кој и на каков начин повеќе ќе ја оцрни земјата повеќе. Како пример, го споменуваат документарецот објавен на телевизијата Ал Џезеира...

Со интервјуата во странските медиуми СДСМ и нанесува штета на Македонија,смета аналитичарот Тони Науновски. Според него, ваквите постапки ги демаскираат нелогичностите и контрадикторностите на Заев. Додава, ако си ја сакаат земјата ќе го напаѓаат политичкиот противник , а не да и прават штета на сопствената земја.

„Интервјуата во странските медиуми дополнително ја демаскираат неговата валкана политичка игра која е преполна со нелогичности“, смета Тони Науновски – аналитичар.

Немајќи поддршка од народот, членови на СДСМ, потпомогнати од неколку нивни блиски медиуми,според аналитичарите, се натпреваруваат кој и на каков начин повеќе ќе ја оцрни земјата повеќе. Како пример, го споменуваат документарецот објавен на телевизијата Ал Џезеира. Во него функционери на СДСМ и новинари инструирани од Сорос, со восхит и радост се отепаа плукајќи по Македонија, коментираат аналитичарите. Според нив, недостигаат ставовите и  на другата страна, за да биде документарецот издржан. Аналитичарите велат дека ова е најголем доказ дека опозицијата обработува за туѓи интереси.

Според направените анализи во  документарецот било претставено дека во Македонија живее албанско муслиманско малцинство и мнозинство кое е православно и словенско. Дека Македонките херои биле  грчки или бугарски. Во ниеден сегмент не спомнуваат за  македонци. Со ова, штетата за државата е длабока  и долгорочна, вели поранешниот дипломат Ристо Никовски. Апсурд е вели, тие што пред некоја година не правеа недоветни и дека за 6 месеци ќе не внесат во Унијата, сега не оддалечија од Брисел.

„Земјата стана тема на странските медиуми и на разни форуми, во најнегативна конотација. Ако тоа беше целта на СДСМ, ја постигнаа! Меѓународниот рејтинг ни е намален сигурно за добри проценти. Тоа ќе се одрази и на решавањето на проблемот со името, и  на странските инвестиции, а не само на приближувањето кон Унијата.Душманите и тие што очекуваат да се распаднеме – ликуваат. Од сето тоа произлегуваат сериозни последици за секој наш граѓанин. Што да кажеме, освен – браво СДСМ! Само така продолжете! Сечете ја гранката на која сите седиме“, вели Никовски.

Никовски прашува: Дали на раководството на СДСМ и се важни судбината и перспективата на државата или нивната борба за власт нема цена?

Свесен дека неговото сценарио не ги дало посакуваните  ефекти,Заев е се понервозен, коментираат аналитичарите кои сметаат дека Заев е свесен за доказите што ги имаат институциите за неговото противзаконско однесување во струмичката општина.

„Јас сум убеден дека таа негова игра и демаскирана и препознаена и сега следува период на внатрешна политичка битка“, нагласува Науновски.

Говорат и за тоа дека по ваквите потези на Заев , се зголемувала тензијата  на Бихачка.

„Па и повеќе од пропаѓање е затоа што досега имаме толку многу доказен материјал слушнато мислам да кај секој еден слободоумен човек со нормална логика веќе јасно му е од каде потекнува , од каде дува ветрот , дека целата оваа работа е изменаџирана и позади нејзе стои странска држава“, смета аналитичарот Александар Пандов.

Аналитичарите заклучуваат дека конфузијата во СДСМ бидејќи јасно им е дека е се помалата поддршка  од граѓаните , но  и очекувната од меѓународната заедница.

 

Наташа Гркова- Петрушевска