Земјоделство
Цената на житото на берзите се стабилизира
20.03.2015 10:37
На светските берзи цената на житото се стабилизира. По зголемување на крајот од 2014-та, годинава останува непроменета. Во Македонија и во Војводина сега чини речиси исто...

Наглиот пораст на цената на пченицата на крајот 2014-та не продолжи и во 2015-та година.
Најавата за воведување на данок на извозот на Руската пченица од 1-ви февруари до 30-ти јуни 2015-та, создаде раздвиженост на берзите и нов пораст на цената.
Сепак понудата на пченица од други извори се покажа доволна, а цените во регионов се стабилизираа.
Минатиот месец во Нови Сад пченицата се продаваше по 10,6, а во Македонија 10 денари за килограм.
Методија Трајков
