Бесплатен туристички викенд: 242 пензионери ќе одмараат викендов во Охрид
20.03.2015 10:45
Втората група ќе престојува од 27-ми до 29-ти март, а третата во периодот од втори до 4-ти април...

242-ца пензионери во текот на претстојниот викенд ќе одмораат во Охрид како дел од проектот на владата за бесплатен туристички викенд. Тие се дел од првата група пензионери кои ќе ја искористат оваа можност.
Ќе бидат сместени во три охридски хотели. Втората група ќе престојува од 27-ми до 29-ти март, а третата во периодот од втори до 4-ти април.
Овој проект опфаќа 3 илјади корисници на пензија. Во услугите се вклучени два полни, бесплатни пансиона и повратен автобуски превоз.
