МАНУ изрази загриженост од продлабочување на кризата

20.03.2015 14:01

Наведуваат дека надминувањето на кризата е, пред се, должност и одговорност на политичките и другите фактори, кои своите ставови и определби треба да ги артикулираат низ дијалог и во соработка со соодветните европски и меѓународни институции...

Македонската академија на науките и уметностите изразува крајна загриженост од продлабочувањето на кризата во земјава. Од Академијата сметаат дека се заканува да ги оживее сеништата на историските делби од минатото.

Наведуваат дека надминувањето на кризата е, пред се, должност и одговорност на политичките и другите фактори, кои своите ставови и определби треба да ги артикулираат низ дијалог и во соработка со соодветните европски и меѓународни институции.

МАНУ смета дека на Република Македонија најмногу ќе и се помогне, ако Европската комисија и другите европски институции ги забрзаат процесите на нејзините евроатлански интеграции, со што поскоро отворање преговори за членство во ЕУ и прием во НАТО.