ЕУ одговори на барањето на Јавното обвинителство

30.03.2015 14:02

Oд Jавното обвинителство потврдуваат дека добиле одговор од Брисел, но повеќе информации за тоа што содржи и каков профил на луѓе ќе бидат испратени, и каква ќе биде нивната улога се најавуваат за подоцна...

Европската унија испратила одговор до Jавното обвинителство во однос на барањето за испраќање меѓународни експерти, кои би биле во тек со работата на јавните обвинители за актуелните предмети.

Oд Jавното обвинителство потврдуваат дека добиле одговор од Брисел, но повеќе информации за тоа што содржи и каков профил на луѓе ќе бидат испратени, и каква ќе биде нивната улога се најавуваат за подоцна.

Кон средината на месецов Обивинителството побара помош од органите на Европската унија со цел обезбедување поголема транспарентност и спречување на шпекулациите и евентуалните сомнежи во неговата објективност и професионално постапување за актуелните предмети.