Италијанската компанија „Дијатек“ инвестира 10 милиони евра и ќе отвори 200 работни места

30.03.2015 14:52

На Бунарџик веќе финишира изградбата на новата фабрика. Кон средината на април ќе се инсталираат машините, а до јули ќе почне и со производство кое ќе биде наменето за извоз...

Потпишан е договорот за реализација на инвестицијата на италијанската компанија „Дијатек“. Инвестира 10 милиони евра и ќе отвори 200 работни места. На Бунарџик веќе финишира изградбата на новата фабрика. Кон средината на април ќе се инсталираат машините, а до јули ќе почне и со производство кое ќе биде наменето за извоз. Ќе се користат локални добавувачи.

Првиот дел од капацитетот во ТИРЗ Скопје 1 е речиси готов, а во средината на следниот месец треба да се инсталираат машините кои се произведуваат од македонска компанија во Кочани. Производството се очекува да почне во јули годинава, а процесот на вработување ќе стартува со 30-ина од вкупно планираните 200 лица. Суровините ќе ги увезуваме од странство, но започнуваме со истражувања за набавка на суровини од Македонија и ќе се обидеме сите други секундарни материјали да ги купуваме од Македонија, изјави сопственикот на компанијата „Диатек“, Диего Мосино.