100% обештетување на земјоделците кои претрпеа штети од поплавите

30.03.2015 16:23

Ваква одлука донела Владата на последната седница. Висината на исплатата зависи од проценката која ја прават Општинските комисии...

Земјоделците кои претрпеа огромни штети од поплавите ќе бидат 100 процентно обештетени. Ваква одлука донела Владата на последната седница. Висината на исплатата зависи од проценката која ја прават Општинските комисии.

„Веќе е изработен извештајот од страна на експерти од Светската банка и токму тој извештај ќе биде основата врз основа на кој меѓуресорски тим во Брисел до крајот на недевала ќе разговара со претставници од ЕУ за можноста за контрибуција од страна на европските фондови во однос на надомест за оштетата во поплавените подрачја на Република Македонија“, изјави портпаролот на Владата, Александар Ѓорѓиев.

За земјоделците оваа одлука е добредојдена. Велат водата однела се што посеале.

„Жито што имавме, садници, се е поплавено. Ништо нема, апсолутно се е поплавено... Не е посадено, најмалку уште месец ќе чекаме“, велат земјоделците од струмичкиот регион.

Најголеми штети од полавите претрпеа земјоделците од Пелагонискиот и Штипско- лакавичкиот регион. Од ресорното министерство велат дека штом се создадат услови ќе започне расчистување на речните корита.

 

Дијана Иванова