Повисоки плати во МВР од април

31.03.2015 13:43

Со исплатата на априлската плата вработените во МВР ќе добијат плати кои ќе бидат повисоки за 5 проценти во однос на нивната мартовска плата. Тоа значи дека за оваа намена Владата обезбедува дополнителни 250 милиони денари до крајот на годинава...

Над 10 илјади вработени во МВР ќе добијат зголемени плати за 20 отсто. Најниската плата во МВР ќе изнесува околу 18 илјади денари. Ќе се изедначи со месечните примања на цариникот со средно образование. До 2017-тата инспекторите месечно ќе добијат за три илјади повеќе. Зголемувањето ќе почне од април.

Со исплатата на априлската плата вработените во МВР ќе добијат плати кои ќе бидат повисоки за 5 проценти во однос на нивната мартовска плата. Тоа значи дека за оваа намена Владата обезбедува дополнителни 250 милиони денари до крајот на годинава, појасни министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска на денешната прес- конференција, додавајќи дека усогласувањето ќе продолжи и во наредните 2 години.

Паричниот импут ќе го зајакне стандардот и ќе ја зголеми мотивираноста на вработените- велат од Полицискиот синдикат.