Граѓаните и компаниите најмногу се жалат на трудовата и на пазарната инспекција
Во минатата година биле изврешни над 200 илјади инспекциски надзори...

На работата на трудовата и на пазарната инспекција најмногу се жалат граѓаните и компаниите. Поплаки за неправилно постапување, несоодветно и некултурно однесување стигнале на адреса на Инспекцискиот совет. Во минатата година биле изврешни над 200 илјади инспекциски надзори.
Најголем дел инспекции спровеле трудовите и пазарните инспекции и инспекторите од Агенцијата за храна и ветеринарство и од Инспекторатот за земјоделство. Донесени се 41 илјада инспекциски мерки од кои најголем дел се решенија за отстранување на неправилностите, 1,5 илјада мандатни казнувања, 3,2 илјади покани за плаќање глоба, 3,6 прекршочни и 45 кривични пријави, соопшти претседателот на Инспекцискиот совет, Ванчо Каргов.
